Македонско оро пред мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид

Отворањето на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид им припадна на играорците од Танец, кои со прекрасна кореографија го претставија македонското традиоционално оро, а се вееја и македонски знамиња. По нив, децата со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ на знаковен јазик ја изведоа „Sky full of stars“ од Колдплеј.

Реал Мадрид како актуелен европски првак и Манчестер јунајтед како освојувач на Лига Европа, вечерва во Скопје се борат за титулата во Суперкупот на УЕФА. По првото полувреме Реал води со 1:0, со голот на Каземиро.

Advertisement