Македонско здружение “Камени Мост” од Италија бара ослобудување на Едмонд Темелко

Со особено жалење ја прифативме веста дека единствениот македонец што успешно гради политичка кариера, што се залага за правата на македонците во соседството Едмонд Темелко е упапсен. Сега, со уште поголемо жалење, дури гнев, ги слушаме новостите дека Едмонд Темелко е тешко болен. Најтрагично е тоа што не му се пружа лекарска помош.

И додека оваа наметната влада и нејзините поддржувачи трубат за демократија, на овој човек му е оспорено најголемото демократско право право на Живот.

Каква демократија е онаа во која се скратуваат најголемите придобивки на човештвото?

Каква демократија е таа во која политички се гони и затвара човек кој се бори за правата на својот народ, оној народ кој е се повеќе угнетуван дури и во сопствената држава?

Постојано слушаме „владеење на правото“, но за жал владее „нечие право“.

Сегашниве политички компоненти навистина се изживуваат и го злоупотребуваат трпението на македонскиот народ. Пробајте само да контролирате, не да осудите албански градоначалник во Македонија, па да видиме што ќе се случи. И покрај сите злосторства направени врз македонците во неколкуте последни настани, ниту еде албанец не ги осуди злосторствата и сторителите, ниту трошка покајание и сочувство. Напротив, додека нашите мајки плачат, терористите бараат слобода.

Како и целата македонска присебна јавност, бараме итно ослободување на Едмонд Темелко. Со оглед на тоа што си ги добија изборите, си проолжуваат со црното сценарио за Македонија, нема никаква смисла овој човек да плати со животот затоа што ја сака својата земја на потекло – стои во соопштението на Македонско здружение “Камени Мост” од Канели, Италија.

Advertisement