Македонското знаме се развиори во Пјонгчанг (ВИДЕО)

Со тројца олимпијци Македонија денеска продефилира на свеченото отворање на 23-те Зимски Олимписки игри, кои ќе се одржуваат во јужнокорејски Пјонгчанг. Ова е седмо учество на Македонија на Зимските Олимписки игри. Нордиецот Ставре Јада беше знаменосец на дефилето на околу 3.000 спортисти од 92 земји, а Македонија покрај Јада на овие ЗОИ ќе ги има и Викторија Тодоровска во нордиско скијање и најискусниот Антонио Ристевски во алпско скијање, кој третпат ќе учествува на зимски игри. Македонија како и на претходните игри ќе биде само статист на ЗОИ, па нашите тројца олимпијци ќе се борат во следните 16 дена за најдобар можен пласман на овие игри.