Македонците во Албанија го одбележаа Воскресението Христово – Велигден

Во духот на православието и македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Тирана, Корча, Билишта, Поградец, Елбасан, Драч, Фирер. На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосвера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото воскресение.