Македонците во Србија денеска одржуваат избори за Националниот совет на Македонците

Припадници на 22 малцински заедници во Србија денеска бираат свои претставници за националните совети на национални малцинства. Право на глас имаат 507.183 избирачи кои ширум Србија гласаат на 926 бирачки места. Осумнаесет национални малцинства членови на Советот ги бира на непосредни избори, а четири – хрватската, црногорската, македонската и руската по пат на електронски собранија.

Тие четири електорски собранија ќе бидат одржани во Белград од 12 часот. Членовите на Советите имаат овластувања во областа на културата, инфромирањето и образованието и службената употреба на јазикот и писмото на националните малцинства. Непсоредните избори за членови на националните совети ќе ги следат домашни и странски набљудувачи.

Во Србија според проценките живеат над 150.000 Македонци.

Advertisement