Масовни студентски протести во Tирана

Студентите на државните универзитети во Тирана и Елбасан денеска излегоа на масовен протест во знак на револот поради зголемените тарифи на студирање.  Протесот кој беше инициран од страна на студентите на Архитектура доби силна поддршка и од студентите на другите факултети. Студентите се упатија пред зградата на министерството за Образование каде извикуваат пароли  против министерството и Владата на Еди Рама, а фрлаат и јајца, книги и други предмети.

Состојбата во Тирана е напната, а на студентите им се придружуваат и граѓани. Организаторите на протестите изјавија дека нема да се прекинат протестите се додека не се повлече одлуката на министерството за зголемување на тарифите. Протести се одржуваат и во градот Елбасан од страна на студентите кои се школуваат на државните универзитети. И тие бараат да нема зголемување на тарифите за студии.