Министерката за правда на Македонија Рената Дескоска на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Тирана 

Mинистерката за правда на Република Македонија Рената Дескоска од 04-05.10.2018 година учествува на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, Република Албанија, под покровителство на Австриското претседателство со Европската Унија. Првата сесија учествуваше министерката  Дескоска “Јакнење на владеењето на правото – унапредување на стандардите во судството”. Во фокусот на оваа сесија беа ефикасноста и квалитетот на правосудниот систем.

“Влијанието на реформите во правосудството врз ефикасноста, квалитетот и независноста на правосудните системи – индикатори за мерење на напредокот”, е втората сесија на која ќе учествува министерката Дескоска, а во чиј фокус ќе бидат следењето на влијанието на реформите во правосудството. На формуот учстуват Министрите за правда на Македонија, Австрија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и комесарката за правда Вера Јурова.

Advertisement