Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски учествува на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Тирана

 

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, денска  учествува на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Тирана, Република Албанија. Министерот Спасовски имаше обраќање во првата пленарна сесија ,,Соработката во областа на миграција и управувањето со границите“ и во втората пленарна сесија, на тема поврзана со предизвиците кои што произлегуваат од борбата против тероризмот и насилниот екстремизам за што ќе потпишеме и Заедничкиот акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан. На формуот учстуват Министрите  за внатрешни работи и правда на Македонија, Австрија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и комесарката за правда Вера Јурова

Advertisement