Напад на „Фејсбук“: Проверете дали ви се загрозени податоците

Од социјалната мрежа „Фејсбук“ соопштија дека речиси 50 милиони корисници на социјалната мрежа биле изложени на безбедносен пропуст. Компанијата соопшти дека напаѓачи успеале да ја искористат ранливоста позната како „View As” за да се здобијат со контрола на сметките на луѓето. Прекршокот беше откриен во вторникот, објави „Фејсбук“, и додадоа дека веднаш ја информирале и полицијата. Корисниците кои потенцијално биле засегнати, добиле известува за повторно да се логираат, а сето тоа како што велат од компанијата се случувало во петокот. Мааната е веднап решена, напиша шефот за безбедност на компанијата, Гај Росен. „Бидејќи ние само што започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие сметки се злоупотребувани или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат”, посочи тој.