Напад на Француската амбасада и воениот штаб во главниот град на Буркина Фасо

 

Главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу денес е на мета на повеќе напади, нападнати се француската амбасада, францускиот културен центар и воениот штаб на земјата. Сведоците изјавија дека петмина вооружени мажи излегле од автомобил и отвориле оган врз минувачите пред да се упатат кон амбасадата во центарот на градот. Еден новинар за АФП слушнал тешка престрелка со огнено оружје и видел возило во пламен, за кое сведоците кажаа дека е автомобилот што го користеле напаѓачите.

Други сведоци кажаа дека имало експлозија во близина на седиштето на вооружените сили на Буркина Фасо и францускиот културен центар, кои се наоѓаат на околу еден километар од местото на првиот напад. Досега нема известување за жртви. Полициски и воени единици се распоредени во областа. Француската амбасада потврди дека се нападнати. „Во тек е напад на Француската амбасада и Францускиот институт. Останете внатре“, се вели во пораката постирана на Фејсбук.

Advertisement