Народно движење за Македонија јаничарите Џамбаски и Димитров да се прогласат за непожелни во Македонија

Народно движење за Македонија најостро ги осудува вчерашните груби во основа антимакедонски провокации искажани спрема Македонија и Македонците од страна на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и директорот на бугарскиот национален музеј Божидар Димитров. Недозволиво е Џамбаски и Димитров како граѓани на Европската Унија каде се вели дека владее слободата и се земаат предвид животните вредности да испраќаат отворено негирање на Македонците.

Дотолку повеќе, Џамбаски и Димитров кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската идеолоија насочена кон негирање на македонскиот народ. Затоа, НДМ смета дека во постоечките околности прогласувањето на Џамбаски и Димитров за непожелни личности во Македонија е начин за заштита на македонските национални интереси.

Впрочем, произлегува дека живеењето на Џамбаски и Димитров во социјалистичка Бугарија оставило последици, бидејќи како поранешни соработници на бугарската Служба за државна безбедност очигледно е дека мозокот на Џамбаски и Димитров застанал некаде во 1948-та кога Државната сигурност на Бугарја со закон, молив и гума започна со бришењето на Македонците, пропуштајќи од вид дека националната определба не може да биде предмет на закон или било каков друг акт затоа што е природно и неотуѓиво право врзано за поединецот и за неговите природни слободи и права. Оттука, доколку Џамбаски и Димитров во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Advertisement