НАСА: Слета сондата на Марс (ВИДЕО)

Вечерва во 20.54 часот сондата InSight успешно слета на Марс. Во седиштето на НАСА се слави , откако целиот свет го очекуваше големиот настан. Сондата е опремена со бројни инструменти , со кои ќе може да се копа и на длабочина од 5 метри под површината на Марс. Успехот на ова слетување на сондата е особено голем ако се знае дека од вкупно 44 роботизаирани сонди, само 18 успеале да се пробијат на Марс.

Особено беше важно оваа сонда да слета , зашто се очекува да докаже дека на МАРС има вода, односно дека било можно во далечното минато да постоел живот. InSight  патуваше до Марс со брзина од 20 000 километри на час и се спушти на црвената планета под агол од 12 степени. При спуштањето , најкритични беа последните седу минути, кога сондата ја намали брзината од 20 000 на 1 600 километри на час за само две минути. Тогаш модулот се загреа на 1 482 степени целзиусови, темепратура доволна да се растопи челик.