Наскоро авионска линија Македонија – Грција

Наскоро директна авиолинија од Скопје до Атина. Заеднички настапи на трети пазари и реализирање европски проекти. Веќе е потпишан и првиот билатерален договор за соработка меѓу бизнисмените од Македонија и бизнисмените од Грција. Ова се само дел од начините со кои ќе се интензивираат бизнис односите помеѓу двете соседни држави. Од сојузот на стопански комори фокусот го стават на земјоделската соработка.

Македонија засега најмногу извезува земјоделски култури во Грција, грците, пак, инвестираат во нашиот банкарски сектор, нафтената индустрија, трговијата и текстилот. Заедничките инвестиции остануваат во фокусот и на двете држави, истакнуваат од индустриската комора на Македонија. Грциа е еден од петте најзначајни трговски партнери на Македонија.

Advertisement