Охрид на листата од Гардијан за најдобри градови покрај езера во Европа

Градот Охрид и Охридското Езеро се најдоа во уште една репортажа на светски реномиран весник. Охрид е сместен на езерот со истоименото име, едно од најдлабоките во Европа. Црквата Св. Јован Канео која се наоѓа на карпа над пристаништето полно со светло обоени шарени рибарски бродови, а тука се распослани и мали плажи.

Ова го пишува во делот за Охрид, во текстот насловен „10 од најдобрите градови и села покрај езера во Европа“, на престижниот британски весник Гардијан.

„Неколку милји на југ Музејот на вода „Залив на коските“ е всушност реконструирано село изградено на колци над езерото. Името не се однесува на човечките коски, туку на многуте животни пронајдени во водата, а некои од нив се изложени во внатрешноста на музејот. Посетителите можат да одат на нуркање да ги видат ископувањата под вода, од кои некои се сини, а други се митски зелени“, се додава во текстот за Охрид и Охридското Езеро.

Покрај Охрид, во препорачаните места за посета во Европа се и градот Титизе-Нојштад во Германија, Халштат во Австрија, Савонлина во Финска, Миколајки во Полска, Талуар во Франција, Кастилјоне дел Лаго во Италија, Моркоте во Швајцарија, Сигтуна во Шведска и Изнахар во Шпанија.

Целиот текст од репортажата на Гардијан може да го прочитате тука.

Advertisement