Опозиција обвинува дека власта е организатор на шверцот со дрога во Албанија

Лидерот на опозиционата Демократска партија на Албанија, Лулзим Баша изјави дека последната акција на италијанската полиција во која се запленети 2,3 тони дрога од Албанија е доказ дека премиерот Еди Рама нема намера да се откаже од поддршката што ја дава на оние кои се организатори со дрогата. Експремиерот и претседател Сали Бериша го обвини премиерот Рама за поддршката што ја дава на шверцот со дрога, додавајќи дека ,,секој ден тони дрога од Албанија се пренесуваат кон Италија“. Само во текот на летниот период, италијанската полиција заплени над 3о тони марихуана, која од албанското крајбрежје се пренесуваше кон Италија. Власта демантира дека таа стои зад подршката на шверцерите и производителите на дрогата. Премиерот Еди Рама изјави дека се преземени максимални мерки на полицијата за уништување на големи површини на дрога засадени во Албанија, а секојдневно се запленуваат пратки со дрога, наманети како за домашниот пазар, така и за на нарко пазарот во соседните земји.