Орбан: На Европскиот парлемент му треба нова крв

Европскиот парламент има потреба од нова крв, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, осврнувајќи се на европските парламентарни избори што ќе се одржат во 2019.

„Можам да видам екстремни знаци на замор“, рече Орбан додавајќи дека ќе има нови пратеници по изборите за ЕП и оти верува дека со тоа квалитетот на демократијата ќе се подобри.

Во изјава за радиото „Кошут“, Орбан го коментира и прашањето за мигрантските визи и рече дека е смешно тоа што се повторува гласањето за мигрантски визи во ЕП со цел да се обезбеди резултат што ќе им одговара на бирократите.

Тој рече дека вреди човек да се запраша зошто целата ситуација ја толерираат пратениците што се испратени таму за да ги застапуваат интересите на граѓаните.

„Ниту една демократија не е совршена, вклучително и демократијата во Унгарија, но демократијата во Брисел е уште подалеку од совршена“, рече Орбан.