Патријарх Кирил: Посланието на Кирил и Методиј треба да се претстави на разбирлив јазик на современите луѓе

 

Неопходно е да се актуализира посланието на Св. Кирил и Методиј и да се претстави на разбирлив начин, за да стигне до срцата на модерните луѓе. Тоа го изјави денеска патријархот на Москва и цела Русија, Кирил по литургија во храмот „Христос Спасителот”, која ги отвори вратите за прославата на Денот на сесловенската писменост и култура. Патријархот рече дека го насочува словото кон „луѓето обземени од лажните вредности на утилитаризмот и безбожната цивилизација”. 

Според него, универзална вредност за оваа цивилизација е „желбата за афирмација на политичката хегемонија на една земја или група земји над сите народи”. Патријархот Кирил излезе и на бината на Црвениот плоштад, каде што  се одржуваше концерт на хор во чест на денешниот празник и ги поздрави присутните.

Стана одлична традиција да се собираме на Црвениот плоштад на овој ден, за да размислиме малку за огромниот пат, драматичен и истовремено со тоа победоносен, кој го поминаа словенските народи, нашиот руски народ: од почетокот на писменоста до најновите знаења, рече тој.

Advertisement