Пештерска црква “Св.Богородица” остров Мал Град, Мала Преспа (ФОТО)

Островот Мал Град се наоѓа на околу три километри североисточно од Пустец, Мала Преспа во јужноисточниот брег на Преспанското Езеро. На овој остров се наоѓа пештерската црква Св. Богородица, која со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерни цркви расфрлани по бреговите на Преспанското. Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кој се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата Бојко со жена му Евдокија во 1345 година.

Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. Третиот натпис се датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од Византискиот палеолошки стил.

Advertisement