Пет награди во пет категории за АКУД „Мирче Ацев” на фестивалот „Хармонија” во Германија

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри. АКУД „Мирче Ацев” се врати од Германија со пет освоени награди од пет пријавени категории. Имено, Академскиот хор, Ансамблот за народни ора и песни и Народниот оркестар при АКУД „Мирче Ацев”, со поддршка од Министерството за култура, беа учесници на меѓународниот фестивал „Хармонија”,  кој се одржува на секои шест години во гратчето Линденхолцхаузен – Лимбург.

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар ); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри. Меѓународната жири-комисија, составена од музички експерти од: Аргентина, Германија – два члена, Бугарија, Шведска и Англија, ги оценуваше пријавените хорови кои се натпреваруваа во 13 категории. Академскиот хор во силната конкуренција освои бронзена награда во категоријата „камерни мешани хорови“, сребрена награда во категоријата „фолклорни песни“ и прво место-златна награда во категоријата „фолклорни хорови“.

Tekst_2

Ансамблот за народни ора и песни ја освои сребрената награда, а исто така и Народниот оркестар ја освои сребрената награда. Овие награди се мошне значајни поради фактот што на фестивалот „Хармонија”  оваа година учествуваа 218 хорови и фолклорни ансамбли од целиот свет, со околу 3000 учесници. Фестивалот се одржа под покровителство на канцеларката на Германија Ангела Меркел. По завршувањето на официјалниот дел на фестивалот, ансамблите на АКУД „Мирче Ацев” изведоа заеднички концерт со домаќините каде што беа сместени членовите во малите гратчиња Швабенхеим и Ворштад. Диригентот и членовите на хоровите домаќини рекоа дека имале сензационален концерт со сите ансамбли на „Мирче Ацев” и дека се горди што ги имале како гости на концертот во Ворштад.

Tekst_3

Advertisement