Постојаната мисија на СМК при ООН во Њујорк бара признавање на Македонија од 19 држави

 

После дисолуција на поранешна СФР Југославија, со Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија донесена од Македонското Собрание на седницата одржана на 25 јануари 1991 година, референдумот “За суверена и самостојна држава Македонија“ одржан на 8 септември 1991 година и со Уставот на Република Македонија донесен од Македонското Собрание на седницата одржана на 17 ноември 1991 година, започна процесот на меѓународно етаблирање на Република Македонија. На 8 април 1993 година со акламација во Генералното Собрание, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Организацијата на Обединетите Нации. Поради Грција која не го прифати името на државата Македонија, членството на Македонија во ООН беше под временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“ само во системот на ООН за времето додека траат разговорите за разликата за името со Владата во Атина.

На 7 април 1993 година, Советот за безбедност со Резолуцијата 817/1993 препорача прием на Македонија во ООН, со апликација број S/25147, а на 8 април 1993 година Генералното Собрание со акламација ја донесе Резолуцијата 47/225 за прием на Македонија во членство на Обединетите Нации како 181 земја членка.

И Резолуцијата 817/1993 на Советот за безбедност од 7 април 1993 година и Резолуцијата 47/225 на Генералното Собрание од 8 април 1993 година и македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, не прејудицираат промена на името на државата Македонија туку разговор за разликата за името на државата Македонија со Владата во Атина поради добра волја на Македонската Влада за таа разлика да разговара. Овие акти не упатуваат на договор за ново меѓународно име. “поранешна Југословенска Реублика Македонија“ е само времено обраќање во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име кое се состои само од еден едеинствен збор – зборот Македонија со Владата во Атина!

Патем, и одлуката на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година го суспендира “суспензивното“ право на Грција за членство на Македонија во меѓународните организации под државното име Македонија!

После 20 години разговори за разликата за името на државата меѓу Македонија и Грција со посредство на ООН, се покажа дека тие се беспредметни и изгубија секаква смисла. Македонија денес под државното име е призната од 134 држави, земји членки на Обединетите Нации. Во меѓународното право не постојат спорови за име на држава и идентитет на нација! Разговорите меѓу Македонија и Грција за разликата за државното име Македонија, со посредство на ООН, се ирационални и нелегални. Временото обраќање во системот на ООН е нелегална институција, којашто, како наметната деноминација, претставува флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации и принципите на меѓународното претставување на државите! Разговорите за разликата за името на државата Македонија во ООН и според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година со дополнителните два услови – времено обраќање и разговор за разликата за името со друга држава, се покажаа како нелегални! Медијацијата за името е непотребна! Споровите за имињата се беспредметни! Правниот идентитет на државата Македонија нелегално е заменет во Обединетите Нации со деноминацијата “поранешна Југословенска Република Македонија“ како лажен идентитет! Според меѓународното право, меѓународниот легитимитет на државите се стекнува со меѓународно политичко признавање од другите држави, преку дипломатско признавање, како услов за стекнување на меѓународно правен субјект. Тоа не го вршат Обединетите Нации, – изјави шефот на Постојаната мисија на Светскиот Македонски Конргес при Обединетите Нации, проф.д-р Игор Јанев.

Од вкупно 192 земји членки на Обединетите нации, денес Македонија под уставното име е призната од 134 држави во светот, членки на ООН, а со повеќе од 170 Македонија има дипломатски односи. Соединетите Американски Држави, Руската Федерација и Кина се три постојани земји членки на Советот за безбедност на ООН кои ја признаа Македонија под нејзиното државно и историско име!

Македонија нема дипломатски односи со 19 држави во светот, повеќето од нив островски и егзотични земји, не поради други причини, туку заради неиницијативност на македонската дипломатија. Заради заокружување на процесот на признавање и воспоставување дипломатски односи со сите држави во светот, членки на ООН, Светскиот Македонски Конгрес и Постојаната Мисија на Светскиот Македонски Конгрес при Обединетите Нации во Њујорк, предводена од проф.д-р Игор Јанев презедоа дипломатска иницијатива за признавање и воспоставување на дипломатски односи меѓу Македонија со државите: 1. Грузија, 2. Сан Марино, 3. Либан, 4. Мали, 5. Јужен Судан, 6. Тунис, 7. Бахамските острови, 8. Барбадос, 9. Гренада, 10. Сент Китс и Невис, 11. Тринидад и Тобаго, 12. Кук островите, 13. Кирибати, 14. Ниуе, 15. Палау, 16. Папуа Нова Гвинеа, 17. Соломонските Острови, 18. Тонга, и 19. Палестина.

Се надеваме дека оваа иницијатива на Светскиот Македонски Конгрес ќе го поттикне активитетот на Министерството за надворешни работи на Македонија да го заокружи процесот на воспоставување на дипломатски односи со сите држави во светот, кои се истовремено членки на Обединетите Нации, – изјави претседателот на СМК, Тодор Петров. Светскиот Македонски Конгрес достави писма по пошта и по е-маил до мисиите на овие држави во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, како и писма по е-маил и по пошта до владите на наведените деветнаесет држави.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров на сесија на Светскиот Палестински Конгрес што се одржа на 8 ноември 2017 година во Брисел, Белгија, на г.Тајсер Кхалед, член на Извршниот комитет на ПЛО истовремено и шеф на Одделението за односи со палестинските иселеници му предаде писмо од Светскиот Македонски Конгрес до Палестинскиот претседател г.Махмуд Абас со иницијатива за меѓусебно признавање и воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Палестина, што со задоволство беше примено.

Advertisement