Повторно ќе сообраќа на линијата Солун-Скопје-Белград

 

Експресниот воз  повторно ќе почне да сообраќа помеѓу Скопје, Белград и Солун од 1 јуни годинава. Српските железници ја завршија реконструкцијата на пругата меѓу Ниш и Прешево, со што се создадоа услови за железничко поврзување меѓу овие земји. Возот од Скопје ќе поаѓа секој дневно за Солун во 4:45 часот, додека поаѓањето назад од Солун кон Скопје ќе биде во 18:30 часот. Од  Белград секојдневно ќе сообраќа воз со поаѓање во 22:19 часот, за Скопје ќе се враќа во 18:35 часот.

Цената на меѓународните железнички билети за Белград и Солун останува идентична, а на патниците ќе им бидат на располагање кушет и спални вагони долж целата траса. Поради реконструкција на пругата на територијата на Република Грција, возот „Хелас експрес“ во наредниот период ќе изостанува на релацијата Гевгелија-Солун-Гевгелија. Грчката државна железница за сите патници има обезбедено автобус меѓу железничките станици во Солун и Гевгелија.

Македонските граѓани од Белград ќе можат директно да патуваат со воз до Виена, Загреб, Љубљана и Будимпешта и да ги користат поволните понуди за меѓународниот железнички сообраќај Balkan Flexipass, City Star и Inter Rail за патување од Скопје до сите европски земји.

Advertisement