Пред 49 години во Македонија се одржа Светското првенство во хокеј на мраз

На денешен ден, 24 февруари, во далечната 1969 во Скопје се одржа Светското првенство во хокеј на мраз. Во нашиот главен град се играа натпреварите од Ц групата. На турнирот учествуваа селекцијата на Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, и Данска. За потребите на првенството почна изградбата на лизгалиштето под Кале. Со тоа почна и раѓањето на квалитетниот македонски хокеј, кој имаше свое златно доба во следните две децении, со кулминација во средината на 80-тите години.

Првенството го следеле 70 новинари, постоел за тоа време современ прес-центар, се водела комплетна статистика за стрелците, асистенциите, исклучувањата. Беа одиграни 16 натпревари во убав амбиент и пред полни трибини. Јапонците беа најуспешни од оваа група на хокеј селекции, пред Швајцарија, Унгариј и Холандија. Скопје стана најјужниот домаќин на едно Светското првенство во хокеј на мраз.

По првенството ХК Скопје стана ХК Вардар, тимот продолжува да игра, но сега, конечно, по 10 години, на свој мраз. Така беа создадени идеални услови за почеток на една убава, хокејарска приказна. Денес хокејот во нашата земја, благодарение на ентузијазмот на челниците на федерацијата, сигурно чекори кон своето место во големото македонско спортско семејство. Минатиот месец нашата најдобра селекција одигра два натпревари против БиХ.

Advertisement