Претседателот Бујар Нишани: Албанија е во високи политички тензии

Претседателот на Албанија Бујар Нишани денска се обрати до нацијата, во врска со политичката состојба во земјата, оцени дека земјата е во високи политички тензии и додаде дека секоја тензија е штетна за одржување на избори и спроведување на реформите. Поради тоа тој упати апел до политичките партии да најдат заеднички јазик и да ги надминат меѓусебните проблеми. Нишани посочи дека денот на изборите не е “во рацете на претседателот“ и оти нивното одложување може да се случи единствено со меѓусебна согласност на политичките страни.

Високата политичка тензија во земјата не е во полза на престојната предизборна кампања,тоа е очигледно. Тоа што можам да го направам е да апелирам до политичките партии да ја надминат оваа тензична ситуација. Одложувањето на изборите не зависи од претседателот. Претседателот е подготвен да даде свој придонес колку што дозволува Уставот. Одлагање на изборите може да се случи само со договор меѓу партиите,-изјави Нишани.

Во контекст на приближувањето на денот на изборите, 18 јуни, Нишани ја нагласи одговорноста на Министерството за внатрешни работи за „гарантирање на инфраструктурата за локалната власт“. Градоначалниците, рече тој се зависни од министерот за внатрешни работи, а министерството е одговорно за гласачките ливчиња. Шефот на албанската држава искажа загриженост и во врска со,како што рече,големата трговија со дрога и политизацијата на полицијата. Тој соопшти дека го потпишал указот нов министер за внатрешни работи да биде Фатмир Џафај иако бил против негово именување на таа функција.

Advertisement