Претседателот на Македонија ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија. Орденот се доделува по повод 70 години од основањето на Македонската опера и балет, а особено за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност, со што даде исклучителен придонес за збогатување на македонските културни вредности и за афирмација на Република Македонија во светот.

Advertisement