
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Дубровник. Претседателот Иванов имаше свое обраќање на пленарна сесија на Самитот на земјите , учеснички во ПСЈИЕ и оствари билатерална средба со претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
На Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ, чиј домаќин е Република Хрватска, учествуваат и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden