Претседателот на Русија Владимир Путин влез во замрзнато езеро за Водици (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин се нурна во студено езеро за христијанскиот празник Богојавление. Руската државна телевизија го пренесуваше влегувањето на 65-годишниот Путин во езерото Селигер, околу 400 километри северно од Москва. Ројтерс пренесува дека температурата на воздухот во тој момент била шест степени под нулата. На Путин ова не му е првпат да се соблекува пред камерите и да ги покажува своите атлетски вештини.