Прогласени најдобрите во фудбалот на гала манифестација во организација на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестација во Македонскиот Народен театар ги додели наградите на најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17. Во шеснаесет категории годинешните награди ги добија: Тренер: Гоце Седлоски (Вардар), Играч во МФЛ: Стефан Спировски (Вардар), Стрелец МФЛ: Бесарт Ибраими (Шкендија), Тренер во женски фудбал: Кирил Изов (Истатов), Фудбалерка во женски фудбал: Илза Максути (Јунајтед), Стрелец во женски фудбал: Ленче Андреевска (Драгон), Тренер во Футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи), Најдобар играч во Футсал: Александар Глигоров (Велес), Тренер во младински фудбал: Горан Станковски (Работнички), Најдобар млад играч: Елиф Елмас (Работнички), Стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (А. Пандев); Најдобар клуб во младински фудбал: Работнички, Фудбалски работник: Илија Матеничаров (А. Пандев), Фер плеј екипа: Работнички, Судија: Александар Ставрев, Најдобар репрезент во странство: Енис Барди (Леванте)