
Охрид во својство на град-партнер учествуваше на Меѓународен саем на вино “Жупа 2018”, што се одржа во српскиот град Александровац, каде што учествуваа над шеесет винарии од Србија, Македонија, Црна Гора, и Романија, како и туристички работници и агенции од регионот. Доколку се има предвид фактот дека активниот туризам во кој спаѓа и винскиот туризам, претставува туристичка гранка, која на пазарите секоја година добива се поголемо внимание и значење, промоцијата на Охридскиот регион и угостителската понуда на регионални и локални вина во туристички цели претставува можност што треба да се развива и во иднина поинтензивно да се промовира – сметаат во Секторот за туризам при Општина Охрид.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden