Путин на одмор во Сибир: Нурка, лови риба и плива (ВИДЕО)

Рускиот претседател деновиве е уловен како се сонча, плива, лови риби, нурка и шета за време на својот годишен одмор и тоа наместо на плажа тој ужива во јужниот дел на Сибир. Имено руските медиуми објавија бројни фотографии од одморот на Путин каде што се релаксира и ужива.

За медиумите очигледно и најинтересен беше детаљот каде што тој околу два часа ловеше риби под вода. Тој своите авантури како и шетањето низ густата сибирска шума, езеро и природа не заборави да ги овековечи со „GoPro“ камера, како и дрон.