Растат заканите од исламски екстремизам во Косово

Заканите од насилниот исламистички екстремизам, кој расте во Косово, во еден дел се поттикнати од фондови на странски организации што пропагираат екстремистичка идеологија и благодарение на насилните екстремистички групи, кои активно ги користат социјалните мрежи за ширење пропаганда и регрутирање нови следбеници, пишува во најновите годишни процени на американскиот Стејт департмент во врска со меѓународниот тероризам. Околу 315 терористички борци од Косово патувале во Сирија и во Ирак за да се борат на страната на Исламската држава и фронтот Ал нусра од кои 58 загинале – се наведува во извештајот на Стејт департментот, пренесе РТС.
Advertisement