Рестаурирана црквата Св. Петка во село Валш, областа Шпат, Елбасан (ВИДЕО)

Специјалистите на Институтот за споменици и културата на Албанија ја реставрира црквата Св. Петка во село Валш, областа Шпат, Елбасан. Црквата Св. Петка е споменик на културата под заштита на државата. Изградена е во 1540 година, фреските на Црквата Св. Петка датират од 16 век сликар на афреските е Онуфри од познатата иконографска школа „Онуфри“. Областа Шпат од Елбасанска Митрополија служи со Јулијанскиот календар, стар црковен календар кој се користи од Македонската Православна Црква, и Источните цркви вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. Албанската Православна Црква служи со Григоринаскиот календар.

 

Advertisement