Русија од САД побара да го намали бројот на дипломатскиот персонал во Москва

Русија од САД побара да го намали бројот на дипломатскиот персонал во Москва и да не користи некои имоти. Врз база на пролонгирањето на американските санкции врз Русија, Министерството за надворешни работи на Русија во одговорот на Вашингтон достави барање за некористење на некои дипломатско-конзуларни претставништва од страна на САД во Москва.

Официјална Москва од САД бара бројот на американските дипломати во Русија да го намали на 455. Руското министерство за надворешни работи бара бројот на американските дипломати и техничкиот персонал во дипломатско-конзуларни претставништва во Русија да се намали со истиот број на руските дипломати и технички персонал во САД, поради што за постигнување на еднаквоста од 455 лица, Русија на САД и дода рок до 1 септември. Руското министерство меѓудругото соопшти дека во случај Вашингтон продолжи еднострано да го намалува бројот на руските дипломати во САД, тогаш ќе одговорат на ист начин.