Русија планира да извезува свое вино на светскиот пазар

Русија планира да извезува свое вино на светскиот пазар и сака да го ограничи увозот на вина на внатрешниот пазар во наредните 5-7 години. Руското Министерство за земјоделство ја разгледува можноста да се укинат царините на увозните вински производи и да се ограничи увозот на суровина во наредните 5-7 години, изјави министерот за земјоделство Александар Ткачов, ова е неопходно за да се зголеми уделот на нашето сопствено вино на внатрешниот пазар. „Денес Русија е на 11 место во светот по производство на вино, има реални можности да го зголемиме производството, вклучувајќи го и обемот за извоз“, изјави Ткачов. Сега Русија активно го зголемува сопственото производство. Според зборовите на Ткачов во последниве 10 години површината на лозјата се зголемила за над 30%, до 85.000 хектари. „За да не зависиме од увозот, до 2020 година треба да засадат уште 50.000 хектари со нови лозја“, истакна министерот. Иако е силна конкуренцијата на светскиот пазар, Русија има добри шанси да стане глобален играч, коментираат експерти. „Од 2008-2009 руските производители на вино редовно учествуваат во светски дегустациски натпревари. Во Лондон, на пример, во последниве 5-6 години тие добија над 300 награди“, вели за „Руска реч на македонски“ директорот на Центарот за истражување на државните и регионалните пазари за алкохол Вадим Дробиз.

 

 

Advertisement