
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп го разреши од функција советникот за национална безбедност на Белата куќа, генерал-полковникот Херберт Рејмонд Мекмастер. Белата Куќа во Вашингтон соопшти дека Трамп побарал од Мекмастер да остане на функцијата се до средината на април, што било прифатено од Мекмастер. Во соопштението се додава дека Мекмастер на функцијата советник за национална безбедбност на Белата куќа ќе го наследи Џон Болтон поранешен постојан претставник на САД во Обединетите нации. Трамп му се заблагодари на Мекмастер за неговите залагања, за кои рече дека помогнеле во голема мера во економската и воена надмоќ на САД во светот. Мекмастер во својот говор најави дека ова лето ќе се пензионира од армијата каде што служеше 34 години
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden