Серж Саркисјан избран за премиер на Ерменија

Ерменските пратеници го одобрија назначувањето на Серж Саркисјан за нов премиер на земјата. Владејачката Републиканска партија и нејзиниот коалиционен партнер го номинираа Саркисјан, а тој беше избран со 76 гласа за и 17 против. Во исто време во Ереван неколку дена по ред се одржуваат протести против неговото именување. Опозицијата го обвинува Саркисијан, кој долго време беше претседател на Ерменија дека го променил политичкиот систем на земјата од претседателски во парламентарен со цел да остане на власт.

Advertisement