Северна Кореја има нов тип на ракета

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис, изјавил дека Северна Кореја пред два дена лансирала нов тип на ракета, која американските експерти досега не ја виделе. Тој објаснил дека ракетата била лансирана од подвижна рампа, од локација која се наоѓа на околу 100 километри од Пјонгјанг и која досега не се користела за вакви цели.

Дејвис одбил да изнесе попрецизни карактеристики на ракетата, но потврдил дека се работи за прво интерконтинентално оружје кое Северна Кореја го тестирала досега.Според првичните проценки на експертите, со ракетата би можела да се гаѓа Алјаска. Портпаролот на Пентагон рекол дека Пјонгјанг ги прекршил меѓународните конвенции затоа што ја лансирал ракетата без претходна најава, која е неопходна за да се заштитат комерцијалните бродови, авиони и сателити.