Шефовите на армиите на земјите членки на НАТО на 15 септември средба во Тирана

Од 15 до 17 септември во Тирана ќе се одржи средба на шефовите на армиите на земјите членки на НАТО. Албанскиот претседател Илир Мета оваа информација ја соопшти на свеченоста што се одржа по повод преземањето на должноста шеф на Генералштабот на армијата на Албанија од страна на бригадниот генерал Бардул Колчаку.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, кој воедно е и врховен командант на албанската армија, истакна дека средбата на шефовите на армиите членки на НАТО е од големо значење бидејќи е прва средба од ваков карактер откако Албанија стана член на НАТО.

Advertisement