Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер утрово ја погодил Грција. Некои корисници на социјалните мрежи велат дека потресот се почувствувал и во Италија. Геолошки институт објави дека епицентарот бил на 70 километри југозападно од градот Каламата, на Пелопонез, на длабочина од 30 километри под површината на земјата.

Грчките власти објавија дека јужниот дел на земјата бил погоден од земјотрес со јачина од 5,4 степени, но дека досега не се пријавени извештаи за жртви или материјална штета. Грција е лоцирана во дел од светот кој речиси секојдневно е погодуван од земјотреси. Повеќето се премногу слаби за да се почувствуваат, а оние кои предизвикуваат поголема штета или жртви се ретки. Во земјотрес со јачина од 5,9 степени, во 1999 година на периферијата на Атина загинаа 143 лица.