Ски центарот Маврово се најдоа во американското шоу „Right This Minute“ (ВИДЕО)

Американската телевизиска програма „Right this Minute“ го прикажа светлечкото шоу на ноќно спуштање за време на Хуманитарниот велеслалом по ски патеките во Маврово, каде скијачите и сноу бордерите се симнуваат со бакљи со црвена и жолта боја. Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово се одржа претходниот викенд, каде се собраа 10.000 евра и се донирани за Здружението за хумано-општествен развој Проект среќа.Водителот на програмата, заедно со уште двајца соговорници, го коментираат овој настан и велат дека може да се предложи како нова дисциплина на Олимписките игри. Од друга страна, според соговорничката, оваа идеја може да се практикува и за Божиќ.

Овој момент е одлична можност за Маврово, за Македонија, за туризмот. Горд сум што една американска телевизија го емитува и го коментира нашиот настан, кој според нив треба да се предложи како нова олимписка дисциплина. Тоа е одлично за туризмот, но со ова уште еднаш потврдуваме дека сме креативна нација која може да сработиме нешто невообичаено и примамливо за Светот “,објаснува Огњан Циговски од Ски Центарот Маврово. Годинава, овој хуманитарен велеслалом се одржа по 16-ти пат во Маврово. На него учествуваа 54 екипи во две дисциплини скијање и сноу борд.