Скопје меѓу најевтините градови за сместување

 

Според анализата на Accommodation Price Index 2017, Загреб е еден од најевтините градови за сместување во светот за туристи, а најскапо е во Монте Карло. Во истражувањето опфатени се околу 200 метрополи.

Во Загреб во хостелите цената е 13 евра, а во хотелите се движи од 97 до 292 евра. Во Монте Карло хостел чини 28 евра, а за хотел ќе треба да платите од  285 до 2.505 евра.

Потоа следат Рејкјавик, Сан Франциско и Њујорк. Најевтини се дестинациите на Далечниот Исток и на Балканот. Во Куала Лумпур хотел чини од  55 до 285 евра, а потоа следи Скопје, Тирана, Анталија. Хостел за само 5,59  евра има во Киев.