Состанок на Главната мешовита македонско – албанска комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија

На 12 јули 2018 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа состанок на Главната мешовита македонско – албанска комисија за обновување и одбележување на граничната линија. Со состанокот претседаваше претседателот на Делегацијата на Република Македонија во оваа Комисија, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Комисија. За време на состанокот кој се одвиваше во конструктивна и пријателска атмосфера двете делегации разговараа за прашања поврзани со состојбата на граничните белези на заедничката државна граница, потребата за вршењето геодетски премер и аерофотограметриско снимање, како и изработка на дигитална гранична документација.Двете страни разменија и мислења во однос на начинот и можностите за транформирање на Граничниот премин “Џепиште-Требиште” од граничен премин за локален сообраќај во меѓудржавен граничен премин. Наредниот состанок на Главната мешовита македонско – албанска комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија ќе биде одржан во Тирана, Република Македонија.

Advertisement