Состанок на Мешовитата комисија за демаркација и одбележување на државната граница меѓу Република Македонија и Република Србија во Белград

 

На 14 и 15 јуни 2018 година во Белград, Република Србија се оддржа состанок на Мешовитата комисија за демаркација и обележување на државната граница меѓу Република Македонија и Република Србија. За време на состанокот делегациите на двете држави предводени од Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Горан Продановиќ од Министерството за надворешни работи на Република Србија беше разговарано за прашањата сврзани со изработка на граничната документација за делот од заедничката граница, усогласување на податоците од катастарската со официјалната гранична документација, утврдување на начинот на чистење и одржување на заедничката државна граница, разгледување на можноста за воведување на заеднички гранични контроли на Граничните премини Табановце – Прешево и Пелинце – Прохор Пчински, како и трансформирање на Граничниот премин Голема Црцорија – Голеш во меѓудржавен граничен премин. Следниот состанок на Мешовитата комисија да се одржи во месец Септември 2018 година во Скопје, Република Македонија.

Advertisement