Спасени 36 мигранти во Егејско море

Албанскиот брод „Буртинти“, во соработка со турски поморски стражи спаси 36 емигранти во Егејското море. Информацијата ја соопшти Министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка која објасни дека меѓу спасените мигранти имало 12 деца. Според министерката Џачка, емигрантите со моторен чамец тргнале од турското крајбрежје, но побарале помош во близина на грчкиот остров Киос, во чија близина бил албанскиот брод „Буртинти“. Последните два дена во Албанија нелегално се влезени голем број мигранти.

Advertisement