Спектакуларен концерт на Ансамблот „Македонија“ во Белград

Ансамблот Македонија продолжувајќи ја Балканската концертна турнеја, вчеравечер одржа концерт со најдобрите ансамбли од Србија и регионот. Публиката имаше можност да ужива во перофмансот на Ансамбал „Македонија“, АКУД „Бранко Крсманович“-Белград, АКУД „Шпанац“-Белград, КУД „Башчаршија“- Сараево и Ансамбл „Вила“-Нови Сад. Голема благодарност до Алимо традитионал гроуп за беспрекорната организација и заложбата, овие ансамбли да настапат заедно на една сцена. Меѓу публиката имаше и преставници на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија, како и Македонци што живеат во Србија.