Спогодба за соработка здруженијата на ветараните од Македонија и Албанија “Чекори за мир”

Здруженијата на ветараните од Република Македонија и од Република Албанија, преку нивните ограноци во Охрид, односно Пешкопеја – Долни Дебар, потпишаа Спогодба за соработка. За таа прилика во Пешкопеја, допатуваа од Скопје, генералите Тши и Николовски, додека од Тирана, делегацијата ја предводеше полковник Колонел Тома Кондури, претседател на асоцијацијата на ветераните на Албанија а во неа беше и секретарот на Здружението, Енвер Ајдари.  Спогодбата ја потпишаа потполковник Ремзи Чакри, претседател на ветераните од Пешкопеја -Долни Дебар и Добре Вељаноски, претседател на охридскиот огранок на Сојузот на ветераните.

Пратеникот во македонскиот парламент, генерал Илија Николовски, кој е и претседател на Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Република Македонија, посебно потенцираше дека оваа активност е во рамките на актуелната и средишна активност на ветерание: “Чекори за мир”.  Актуелниот момент, налага мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, да ги поставиме како приоритети од животна важност, не само за граѓаните во нашата земја, туку и во соседството и регионот – порача генерал Николоски. Огранокот од Охрид, е најброен и најактивен во земјата, кој остварува плодна соработува  со нивните колеги од повеќе албански градови.

Advertisement