Стано: Ставот на Бугарија за македонскиот јазик нема никакво влијание врз ЕУ

Европската унија излезе со став околу барањето на Бугарија почетокот на преговорите на Македонија да биде условено со откажување од македонскиот јазик и малцинство. Питер Стано, портпарол на ЕУ за надворешна политика за „Република“ објаснува дека Советот донел одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката. Европскиот совет ја усвои едногласно одлуката на Советот за отворање на преговори за пристапување со Македонија. Ставот на ЕУ е изразен во овие заклучоци на Советот. Еднострани изјави на земјите-членки не ги менуваат ваквите заклучоци-изјава за „Република“