Стартува авиолинијата Скопје – Варшава

 

Скопје и Варшава од 1 јуни ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови ќе има шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти. Директорот на корпоративни комуникации и портпарол на LOT, Адриан Кубицки, изјави дека Скопје е комплетно нова дестинација во понудата на авиокомпанијата. Од ТАВ Македонија очекуваме оваа авионска линија да се покаже како многу успешна.