Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Македонија 

Организарот на конференцијата е Народната банка на Република Македонија од каде велат дека овој настан е ретка можност за Македонија. Се работи за глобален настан на кој светската финансиска елита ќе разговара за глобалните макроекономски движења, глобалниот раст, инфлацијата, продуктивноста, геополитичките ризици, како и поставеноста на монетарните политики на меѓународно влијателните централни банки и нивните ефекти врз финансиската стабилност и пазарните движења. Поканети се околу 200 гости од кои 80 се од странство. Конференцијата е поделена на четири сесии, а целта е да се направи оцена на тековната состојба и на идните изгледи на глобалната економија. Конференцијата се организира во соработка со Комитетот за преобразување на Брентон Вудс.