
Со жестоки и расистички напади грчките портали и Грчката за Едница во Дизелдорф во СР Германија го нападнаа формирањето на Централниот совет на Македонците во Германија. Со наслов, Македонците во Германија основаа “Централен совет на Македонците“, Грчката заедница во Дизелдорф со протестно писмо до Окружниот суд во Шарлотенбург бара германските власти да извршат бришење од надлежниот регистар на здружението “Централен совет на Македонците во Германија“, или соосдветно да го пререгистрираат, затоа што според нив Македонија е грчка, а “северномакедонците“ го присвојуваат културно-историското наследство на Грците од грчка Македонија?!
Грчката заедница во Дизедрорф смета дека Македонците се Грци и дека здружението “Централен совет на Македонците во Германија“ ја доведува јавноста во заблуда како да станува збор за грчко здружение, а всушниост за здружение на “северномакедонците“ кои “го присвојуваат грчкото културно-историско наследство“. Грчката заедница во Дизелдорф протестното писмо до Окружниот суд во Шарлотенбург наведува дека именувањето на една етничка заедница треба да соодветствува на земјата за чии државјани станува збор или од каде што потекнуваат. Грчката заедница во Дизелдорф протестира затоа што “Централниот совет на Македонците во Германија“ се именува како здружение на Македонците!
Светскиот Македонски Конгрес ја поддржува работата на Централниот совет на Македонците во Германија и очекува Македонците во СР Германија да бидат единствени и обединети во одбраната на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, независно од државата чие државјанство поседуваат или од каде потекнуваат: Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Македонија или други.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden