Tag Archives: Македонка

Словенечката европратеничка Ирена Јовева со македонско потекло нема да гласа за бришење на македонскиот јазик од извештајот (ВИДЕО)

Фото: Фб страница на Ирена Јовева Словенечката европратеничка Ирена Јовева со македонско потекло нема да гласа за бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европарламентот. Во интервју за ТВ 24 вели дека партиите во парламентот подлегнаа на притисокот на бугарите. Но, вечерва македонскиот јазик ќе се чуе во Стразбур./www.24.mk

Read More »

Во чест на Македонката Загорка Шуке (р. Канефче) (14 јули 1914, Охрид – 17 јануари 2000, Поградец)

Дниве се навршуваат 22 години од смртта на една од најпознатите актерки од Поградец, Загорка Шуке, родена Канефче. Македонката Загорка Шуке (р. Канефче) е родена во македонскиот бисер Охрид, на 14 јули 1914 година. На нејзини 14 години, заедно со семејството, Загорка го напуштила Охрид и се преселила во градот Поградец. Претходно, нејзиниот татко како професионален рибар заминал за Поградец ...

Read More »

Јана Атанасовска победи во слаломот во Чешка

Македонска победа во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешката република. Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место. Скијачката родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за ...

Read More »

Илина Арсова прва Македонка која ги искачи седумте највисоки врва во светот

Македонката Илина Арсова направи подгвиг, стана првата Македонка која успеа да ги искачи седумте највисоки врва на сите континенти. Последниот нејзин предизвик беше врвот Вилсон кој е на висина од 4892 метри на Антарктикот, каде го развиори македонското знаме. Инаку овој подвиг им успеал само на шеесетина жени во светот. Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон ...

Read More »

Македонката Емилија Стерјова избрана за прва жена градоначалник на Витлси-Мелбурн

  Емилија Лиза Стерјова е избрана за најмлад градоначалник жена на општината Вителси во градот Мелбурн, Викторија. Емилија Лиза Стерјова за првпат беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината. Од ноември 2017 до ноември 2018 година Емилија Стерјова беше заменик на градоначалникот на општина ...

Read More »

Симона Халеп со потекло од Македонија која го освои Вимблдон

Симона Халеп вчера експресно ја победи големата Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон и стигна до својата прва титула на овој турнир. Халеп во финалето победи доминантно со 2:0 во сетови и тоа 6:2 и 6:2 за само 53 минути игра. Како што споменавме за Халеп ова беше прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите. Нејзините претходници се ...

Read More »

Лина Ѓорческа третпат во квалификациите на САД опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (24),ќе настапи во квалификациите на четвртиот годинашен тениски гранслем-турнир, Отвореното првенство (ОП) на САД, во Њујорк (од 27 август до 7 септември). Ѓорческа имаше долга, повеќемесечна пауза поради повредата на зглобот на левата рака токму по ланскиот настап во Њујорк и од 170-та позиција на ранг-листата на ВТА во јуни 2017-та, стагнираше и моментално, по ...

Read More »

Македонска книжевна вечер на Лидија Димковска во Тирана

Книжевна вечер на Лидија Димковска во организација на издавачката куќа „Поетека“, во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, вчера се одржа во Тирана, Албанија. На книжевната вечер, која Димковска специјално и ја посвети на неодамна починатата хрватска писателка со европско реноме, Даша Дрндиќ, се читаа извадоци од делата на Дрндиќ и песни од Димковска во препев на албански јазик на ...

Read More »

Познатата македонска поетеса Лидија Димковска дел од книжевната резиденција Poeteka – Tirana in Between

  Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е во Тирана како победник на книжевната резиденција “Poeteka – Tirana in Between”, дел од програмата за читање на Балканот, поддржана од Креативна Европа и Традуки. Пет песни се избрани од нејзината широко ценета креативност, пет поези за азилантите, утрото на Сиријците, форми на љубов од прво до последно, родно место, изгубена чувствителност. Поетесата ...

Read More »

Лилиана Танги е првата француска пратеничка со македонско потекло

  Лилиана Танги е родена во Панчево, СФР Југославија. Нејзиниот татко е Македонец, а нејзината мајка е Хрватка. Родителите на Танги емигрирале во Франција уште во 60-тите години. Таа дипломирала на политички науки и владеење во Париз, во 1990 година, по што магистрирала на економија и на меѓународни односи. Во движењето на Емануел Макрон стапува во април 2016-та година, а ...

Read More »